ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ВО КУМАНОВО НА ТЕМА:
“Предлози за измени и дополненија на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и правилниците кои произлегуваат од истите”
Денес, 02.04.2017 година, во ресторан ГРАЦИЈА во организација на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка – Мобилност Куманово, а со финансиска поддршка од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија беше одржана тематска работилница на тема: “Предлози за измени и дополненија на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и правилниците кои произлегуваат од истите”, на која учествуваа 60 членови од 11 здружени членки на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА.
Средбата ја отвори претседателот на Советот на општина Куманово, г-дин Александар Арсиќ, а излагачи на темите беа Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија и д-р Александар Смоковски, претставник на РОШ (ROCHE) за Македонија. Имаше бројни дискусии и нотирани предлози и сугестии кои своето финале ќе го имаат како допис до Министерството за здравство и ФЗОМ за конечна разрешница и впишување во легислативата на РМ од оваа област. Средбата медиски ја покри телевизија К3.
Благодарност до ресторанот Грација и газдата Влајко Стојчевски.