Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски, Савре Бојковиќ, Адем Неби и Дејан Ѓорѓиевски, од 18-20.05.2017 година во Зеница учествуваа на 14-те Спортски игри на параплегичари и лица заболени од детска парализа на Федрацијата Босна и Херцеговина.
По извршената класификација нашите натпреварувачи настапија во атлетика и во шах екипно. Нашите двајца натпреварувачи во атлетика постигнаа голем успех освојувајќи медали во сите дисциплини во кои настапија и тоа:
-Савре Бојковиќ во категорија Ф58 во конкуренција на 6 натпреварувачи освои три први места и тоа во ѓуле (4кг) со резултат од 7,57м, диск (1кг) со резултат од 18,37м и копје (о,600гр) со резултат од 17,50м.
-Гоце Миновски во категорија Ф52 во конкуренција на 6 натпреварувачи освои прво место во диск (1кг) со резултат од 11,33м, второ место во кугла (2кг) со резултат од 7,93м, и трето место во копје (0,600гр) со резултат од 10,32м.