На 23-ти мај, во хотелот Карпош во Скопје се одржа последниот состанок на работната група за професионална рехабилитација и лична асистенција во која партиципира и Мобилност Македонија.
Беа разгледани и дискутирани следниве теми (и нивни презентери):
-Презентација на подобрена база на податоци Лирикус и нови модули Александар Славковиќ, Помлад неклучен експерт за ИКТ
-Презентација на развиени стандардиза Професионална рехабилитација и финално одобрување на истите.
Јелена Вахакуопус, Раководител на проектен тим и Стојан Андонов, Постар не клучен експерт;
-Законска основа за Персонална асистенција.
Маријана Јанковиќ, Клучен експерт за персонална асистенција и Гоце Коцевски, Помлад неклучен експерт за легислатива;
Презентација на стандарди за персонална асистенција и финално одобрување на исите.
Маријана Јанковиќ Клучен експерт за персонална асистенција, и Сунчица Димитријовска, Постар неклучен експерт за стандарди.