По покана на претседателот на Здружението на лица заболени од мултиплекс склероза на Северно-Банатски округ, г-ѓа Славица Зориќ, делегација на Мобилност Македоија во состав: Бранимир Јовановски, Совка Прчева, Елица Трпковска и Горан Здравков, од 26-30.06.2017 година присуствуваше на одбележување на 25 годишниот јубилеј на здружението во Нови Кнежевац, во рамките на кое одбележување беа организирани повеќе спортски настани.
За време на пригодната програма организирана во Градската библиотека во Нови Кнежевац, од претседателката Славица Зориќ уште еднаш беше потенцирана досегашната успешна соработка и размена на искуства во однос на ликовната колонија, креативната работилница и други полиња на соработка, а нашите претставници учествуваа со спортските настани: трка на пријателство на 100м, пикадо, боќање, шах и друго.
Мобилност Македонија, во знак на почит за досегашната соработка, на претседателката на здружението и врачи скромен подарок, сувенир-реплика на македонски брош (пеперутка) од деветнаесетти век.
Членовите на здружението од Нови Кнежевац ќе бидат поканети на возвратна средба во Македонија за време на одржување на Републичкиот квиз натпревар и Тортијадата во месец октомври.