НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

mtspРАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА:

„Техничка помош за подршка на процесот на деинститунализација во социјалниот сектор“

Во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа работен состанок на тема „Техничка помош за подршка на процесот на деинститунализација во социјалниот сектор“, на кој во отсуство на претседатлот учествуваше нашиот генерален секретар Софка Прчева, која во рамките на темата во однос на лицата со телесен инвалидитет истакна:
„Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија смета дека дискриминацијата спрема лицата со телесен инвалидитет е присутна во државата во сите сфери на нивното живеење, особено во образовниот процес. Лицата со телесен инвалидитет се интелектуално способни луѓе. Затоа тие не можат да се третираат како лица со посебни образовни потреби, тука како лица на кои треба да им се создадат услови за пристап и вклучување во општиот или редовен образовен систем.

Секој поинаков третман на овие лица би бил ограничувачки фактор во нивното образование и класичен вид на дискриминација. Услов за нивно вклучување во образованието е да се обезбеди физички пристап до и во образовните установи. Поради тоа голем број од лицата со телесен инвалидитет оставуваат без образование, а дел од нив се сместуваат до Заводот за рехабилитација Бања Банско. Поголем број од нив по завршеното основно и средно образование наместо да се вратат во своите домови и семејства остануваат во Заводот. Причините за тоа е непристапноста општо во државата, која е основна бариера за потполна инклузија на овие лица во општеството.
Бидејќи целта на проектот за деиституционализација е подршка за независно живеење на лицата со попреченост, обезбедување пристапни домови и пристап кон основните услуги во здравството, образованието, вработувањето и др., сметаме дека само со координирана работа на ресорните министерства (министерство за транспорт и врски, министерство за образование, министерство за локална самоуправа и министерство за труд и социјална политика) и доследна примена и почитување на Закон за Закон за градба и Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите, ќе можеме да се надеваме дека процесот за деинституционализација ќе биде успешен“,