НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1Согласно заклучоците од разговорот од минатата недела со директорот на ФЗОМ, г-дин Ден Дончев, денес во просториите на фондот, претставниците на Мобилност Македониа, Бранимир Јовановски и прим.д-р. Нико Јанков имаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала. На првиот состанок, од низата состаноци кои ќе следат, беше договорено темелно да се пристапи кон анализа на сегашната состојба во однос на ортопедските помагала, конкретизирање на нашите предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, компаративни искуства од државите од регионот, особено од референтните држави Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, определување на стандарди и изработка на шифрарник со опис на секое ортопедско помагало...итн.


Дел од измените и дополнувањата кои ќе бидат утврдени ќе иницираат промена на законите за да може да се применуваат, постапка која има посебна динамика на спроведување.
Се договоривме работата да ја извршиме темелно, без брзање, во рамки на разумни рокови кои ќе ги бара методологијата на решавањето на барањата, а не ад хок. Целта е да се донесе издржан Правилник во кој за лицата со телесен инвалидитет ( без оглед на тоа дали се наши членови или не) ќе бидат опишани функционални ортопедски помагала на терет на фондот, со разумни референтни цени (кои ќе резултираат со потпишување на договори на ортопедските куќи со фондот за изработка и дистрибуција на сите ортопедски помагала опишани во шифрарникот) на ортопедски помагала, разумни рокови за користење на истите, поправка и сервисирање, но и можност за доплата над референтна цена.
Беше договорено да се организираат повеќе работни состаноци со претставници на корисници на ортопедски помагала во координирана соработка меѓу нашиот сојуз и ФЗОМ.