НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

3На 17.09.2017 година, 80 члена на Мобилност Скопје и 25 членови на Мобилност Куманово, како и поканетите гости од Мобилност Битола и Здружение на МС од Врање, го посетија Меморијалниот центар на АСНОМ.

Меморијалниот центар на АСНОМ претставува културно-историски и спортско-рекреативен центар изграден во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински.
Идејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински” на територијата во Србија (особено заострени во 1998 година). 


Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на 2 август 2004 година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Комплексот има површина од 8,5 хектари, на него се наоѓаат: игралишта, ресторан, амфитеатар за приредби и музеј на АСНОМ во кој се пренесени спомен-плочите од Заседанието на АСНОМ што биле во манастирот Прохор Пчински. Проектант на Меморијалниот центар е архитектот Георги Константиновски. На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри - Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински”, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.
На присутните со пригоден говор и изнесување на историски факти им се обрати историчарот при Музејот Куманово, Данијела Даиловска, а манифестацијата продолжи со разгледување на центарот, дружење, размена на искуства и заеднички ручек.