На 30.09-01.10.2017 година во хотел „Галеб“ во Струга, се одржа 29-то Државно првенство на Македонија вомшах за спортисти со телесен инвалидитет во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, а во соорганизација со Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет.
На првенството учествуваа 24 натпреварувачи, а се играше 7 кола Швајцарски систем со темпо од 30 минути по играч.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков.
Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово дсо освоени 6 поени (5 победи и 2 реми), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, а третото Живко Станковски од Крива Паланка.
Согласно пропозициите, првопласираните 10 шахисти се стекнуваат со директен пласман за следното јубилејно 30-то издание на државното првенство, додека последните пет натпреварувачи го губат правото на настап за следната година.