НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

6- Rезултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab -

Претседателот, генералниот секретар и неколку активисти на Мобилност Македонија од Скопје, Велес, Кочани и Штип со дијагноза мултипла склероза, на 29.09.2017 година остварија работен состанок со претставници на познатата фармацевтскакомпанија ROCHE (РОШ):
-Д-р Роберт, Кухељ, доктор на науки, Интернационален сениор директор за наука, Глобален медицински оддел за невронаука, Базел Рош;
-Д-р Исидора Кацарска Фотевска, директор на медицински оддел, РОШ Македонија, со презентација и запознавање со РОШ глобално, начинот на работа, подрачја на интерес, мисија и визија на компанијата;
-Д-р Александар Смоковски, медицинкси менаџер за хематологија и невронаука, РОШ Македонија, со презентација за РОШ во невронуака и резултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab;
-Наташа Брезовска Вучковска, специјалист за комуникации, РОШ Македонија, со презентација за начинот на соработка на РОШ со пациентски ортганзиации на глобално ниво
-мр- фарм. (фармацевт-ова за вас за дообјаснување) Фјола Хаџихамза, Советник за медицински прашања

Нашите членови поставија овеќе прашања од областа на спектарот на делувањето на новиот лек Оcrelizumab, за кој се уште се чека регистрација најнапред во рамките на Европска Унија (регистриран е во САД и во Швајцарија).

Беше договорена натамошна соработка и заеднички кампањи за подигање на свеста на јавноста и на надлежните институции за воведување на нови, ефективни лекови и методи во третман на мултипла склероза, се со цел да се задржи што е можно подолго добрата состојба на пациентите и да се спречи прогресијата на болеста и негативните ефекти кои ги носи со себе.