Во рамките на договорената динамика за предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, на 03.10.2017 година во ДХО Даре Џамбаз се одржа вториот работен состанок помеѓу Мобилност Македонија и Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, на кој од страна на Мобилност Македонија беа повикани и дел од нашите членови кои користат инвалидски колички за придвижување (мануелна, електромоторна, како и со додатоци за лица со церебрална парализа), како целна група која треба да ги искаже потребите и проблемите со кои се соочува при набавка на инвалидските колички, но и квалитетот и дизајнот кои може да се добијат во моментов со актиелната референтна цена и сите компликации при остварување на правото преку аптеките (без струќни лица и земање на содветни мерки, односно пополнување на медицинско-техничка документација за мерките и индикациите). Се водеше конструктивна дискусија повеќе од два часа, се нотираа одредени забелешки и се договорија натамошни чекори и обврски. Следен состанок на Мобилност Македонија и Комисијата е закажан за понеделник 09.10,2017 година на кој ќе присуствуваат и наши членови кои носат протези, ортози и корсети.
Долг е патот кон целта, меѓутоа ние ќе опстанеме на патот и идејата за изработка и усвојување на поквалитетен Правилник кој ќе нуди пософистицирани и пред се пофункционални помагала со можност на проширување на палетата и доплата над референтна цена, а се во рамките на реалните можности во кои се наоѓа нашата економија и буџетот на ФЗОМ.