НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1На 21-22.10.2017 година во хотелот Цар Самуил во с.Банско-Струмица, се одржа дваесет и третото издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитете на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија.

Учествуваа 16 екипи од здруженијата членки на сојузот. Првиот натпреварувачки ден се одржаа четири четвртфинални квизови (секој од нив составен од по шест игри) од кои осум екипи (првопласираните две од секоја група) се здобија со право на уество во полуфиналните борби. Вториот натпреварувачки ден се одржаа двата полуфинални квиза (секој од нив составен од по седум игри) и по исклучително покажано знаење, четири екипи (Кочани, Скопје 1, Скопје 2 и Гевгелија) се пласираа во големото финале. 
По исклучително интересна борба и презентација на знаења од повеќе области, првото место го освои екипата на Мобилност Кочани (минатогодишниот победник) со освоени 86 поени. Второто место и припадна на екипата на Скопје 1 со освоени 79 поени, додека третото место на екипата на Скопје 2 со освоени 47 поени.


Во истиот период се одржа уште една манифестација, 20-та јубилејна „Тортијада 2017“, во организација на Мобилност Струмица, а финансиски поддржана од Мобилност Македонија. На тортијадата учествуваа со свои торти 14 екипи, 12 од здруженијата на Мобилност Македонија и по една од Србија и од БиХ. За најдобра торта беше прогласена тортата на Мобилност Кичево.
Овој наш програмски настан беше увеличан со присуството на Премиерот на РМ, Зоран Заев. Премиерот Заев и како градоначелник и како претседаел на политичка партија и денес, како Премиер на РМ, не пропушти да присуствува на оваа наша манифестација истакнувајќи дека му е чест и задоволство да се дружи со лицата со телесен инвалидитет, дека тоа дружење му дава посебна енергија, ги поздрави и им вети дека Владата на РМ ќе гради политики за еднаквост на сите. Сето ова беше проследено со долг аплауз и долги редици на членовите кои изразија желба да се сликаат со премиерот. Претседателот на Мобилност Македонија се заблагодари на присуството на премиерот истакнувајќи дека неговото присуство дава една нова димензија на нашата манифестација, но и испраќа јасна порака дека нашата заложба за изедначување на правата на лицата со телесен инвалидитет во РМ е внимателно испратена и прифатена од Владата на РМ. На завршувањето на манифестацијата, беше договорена повторна работна средба со премиерот во неговиот кабинет, по завршувањето на вториот круг на локалните избори во Македонија.
На манифестацијата присуствуваше и новиот градоначелник на Струмица, д-р Коста Јаневски кој ги додели плакетите на најдобрите од одржаниот Музички фестивал на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во рамките на Струмица Опен 2017, како и повеќе советници од општината.