НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1Денес 10.11.2017 година, во хотел Карпош во Скопје, во оргаизација на Републичкиот центар а поддршка на лицата со интелектуална попреченост-ПОРАКА, а во присуство на претседателот на Европската асоцијација на сервис провајдери за лицата со инвалидност (ЕАСПД), г-дин Џим Кроу, беше одржан Форум за сервис провајдери, на кој активно учество зеде и претседателот на Мобилност Македонија презентирајќи ја потребата од сервис служби за лицата со телесен инвалидитет, особено во услови на новонајавената социјална политика и новиот Закон за социјална заштита кој е во подготовка.

Агенда на настанот:


10.00 – 10.05 Добредојде, г-дин Чедомир Трајковски, Претседател на РЦПЛИП – ПОРАКА
10.05 – 10.15 Вовед, Др. Василка Димоска, Програм менаџер на РЦПЛИП - ПОРАКА
10.15 – 10.45 Значењето на сервисните служби во местото на живеење за лицата со попреченост – Перспектива на ЕАСПД, г-дин Џејмс Кроу, претседател на ЕАСПД
10.45 – 11.15 Актуелни развитоци во пружањето социјални сервисни служби во Македонија
Г-ѓа Слободанка Лазова – Здравковска, Министерство за труд и социјална политика
11.15 – 11.45 Кафе пауза
11.45 – 13.15 Предизвици во пружањето социјални сервисни служби во Македонија (презентации и дискусија):
-РЦПЛИП - ПОРАКА
-НВО Отворете ги прозорците
-НВО Солем
-УНИЦЕФ Активности во Специјалниот Завод Демир Капија
-УНДП активности во Институтот за рехабилитација Бања Банско
-Сервисни служби менаџирани од државата, Завод за социјални дејности
13.15 – 14.30 Начело на ко-продукција во обезбедувањето социјални сервисни служби–
г-дин Џејмс Кроу, претседател на ЕАСПД
Дискусија за потребата од оформување на платформа/мрежа на обезбедувачи на социјални сервисни служби
Заклучоци–Др. Василка Димоска, Програм менаџер на РЦПЛИП – ПОРАКА