На 13 декември во Собранието на РМ, Мобилност Македонија преку генералниот секретар Софка Прчева, оствари работна средба со пратениците Горан Милевски и Јулијана Николова Либерално демокртаска партија.
На средбата, пратениците беа запознаени со целите и задачите на Мобилност Македонија, како и со програмата за работа, во која потенциравме дека главните активности првенствено се фокусирани на пристапноста, достапноста, образованието, вработувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, подигнување на јавната свест и сл.
Како препорака од членството, сублимирана во канцеларијата на Мобилност Македонија, беше посочена потребата од измени и дополнување на: Законот за јавни патишта, Законот за патен сообраќај, Законот за високо образование, Закон за здравствено осигурување... Добивме максимална поддршка за реализација на предложените измени и дополнувања на споменатите закони како и датум за наредна средба.