НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

3Во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 18.12.2017 година во Хотел Мериот – Скопје, со почеток во 12.30 часот се одржа конференција на тема „Креирање на инклузивни услуги за деца и лица со попреченост“. Главната цел на конференцијата беше да се презентираат обрските и заложбите на државата во согласност со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Настанот се фокусира на новите услуги и решенија кои имаат за цел остварување на идејата за независен живот во заедницата и обезбедување на еднакви образовни можности за децата и лицата со попреченост.

Претседателот на Мобилност Македонија ги образложи наодите од истражувањето во кое со 15 анкетари беше вклучен сојузот кон крајот на минатата и почетокот на оваа година во трите региони:Скопскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион. Особено се задржа на образованието и вработувањето, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат децата и младите со телесен инвалидитет во однос на пристапноста (влез, рампи, платформи, лифтови, тоалети, и други содржини) во објектоте во кои се изведува настава од сите степени на образование, неконкурентноста на пазарот на трудот, потребата од професионална рехабилитација, преквалификација и доквалификација преку разни форми со цел да се стекнат знаења и вештини конкурентни на пазарот на трудот.

На настанот беа доделени сертификати на 140 образовни и лични асистенти ангажирани во 18 општини, обучени во рамките на програмата Општинско – корисна работа реализирана од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и УНДП.

АГЕНДА
18 декември 2017 година
12:00 - 12:15 Воведни обраќања 
• Министер за труд и социјална политика, г.ѓа Мила Царовска 
• Министер за образование и наука, г.ѓа Рената Дескоска 
• Постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП, г.ѓа Луиза Винтон

12:15- 12:30 Презентација: ЕУ стандарди за сервиси на локално ниво за поддршка на процесот на деинституционализација 
• Џим Кроув, Европска асоцијација на даватели на социјални услуги за лица со попреченост

12:30- 12:45 Образовни и лични асистенти вклучени во образовниот процес: Придобивки кои го менуваат животот 
• Дискусија со Соња Палчевска Ќосева (општински координатор), Ребека Јанковска (родител) и Филип Јуртоски(образовен асистент)

12:45 - 13:15 Презентација на клучни наоди од теренски истражувања
• Бранимир Јовановски, Претседател на НВО „Мобилност Македонија“
• Јасна Мандиќ, Претседател на НВО „Ресурсен центар“

13:15 - 13:30 Доделување на сертификати на образовните и личните асистенти