Делегација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во состав Софка Прчева генерален секретар на сојузот, и членовите на Управниот одбор на сојузот Дејан Ѓорѓиевски и Горан Здравков од 1 до 3 октомври во Сански Мост, Босна и Херцеговина учествуваше на 12.Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет.
Конференцијата се одржува во рамките на кампањата „Да делуваме заедно“ а во организација на Координациониот одбор на кантоналните здруженија и Сојузот на лицата со инвалидитет на Унско-Санскиот кантон. На конференцијата со презентации на тема учествуваа претставници од Федералното министерство за труд и социјална политика на БИХ, претставници од Фондот за профелионална рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет на Федерацијата на БИХ, претставници од Народниот правобранител, како и делегации од државите во регионот: Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
Претставникот на Мобилност Македонија Горан Здравков во работниот протокол учествуваше со презентација на тема „Стандарди за инклузиовно образование за ученици со телесен инвалидитет“.