НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

3На 4 август оваа година се одржа XXIV издание на Музичките средби на лицата со телесен инвалидитет во организација на Мобилност Македонија. Музичките средби како фестивал по четврти пат се одржаа во рамките на струмичкото културно лето „Опен Фест Струмица“. На манифестацијата зедоа учество 12 учесници со изведби на македонски народни песни. Нив ги придружуваше оркестарот на Мобилност Македонија КУД „Феникс“.

Водител на настанот беше Ѓорги Калајџиев кој истовремено беше и член на жири комисијата покрај Зоран Вета и Костадин Стојанов – познати музички работници од Струмица.
Првата награда и припадна на Јованка Атанасова од Велес која ја испеа песната „Море сокол пие“. Втората награда ја освои Трајче Лазаров од Кавадарци со песната „Разболе се Ирина мома“, а третото место му припадна на Петре Јованов од село Подареш – Радовиш кој ја испеа песната „Жени ме мамо“.


Оваа манифестација се одржа на плоштадот во Струмица пред платото на Домот на културата „Антон Панов“.

{gallery}muz2018{/gallery)