ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
(КОИ КОРИСТАТ ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАТАРИНА)
Од Јавното претпријатие за државни патишта по трет пат годинава добиваме список на лица кои ја имаат злоупотребено електронската картичка за ослободување од плаќање на патарина. Во известувањето подетално е опишано кој на каков начин направил злоупотреба, а истата се однесува на следните злоупотреби:
-давање на картичката на користење на друго лице,
-лицето ја користи картичката со друго моторно возило а не со тоа кое го регистрирало во Јавното Претпријатие,
-со возилото ја поминува патарината 300 пати месечно (го користи веројатно за такси превоз)
-и слично.
Сето ова е регистрирано на патарините со соодветна снимка од камерите. Мобилност Македонија нема начин ниту пак сака, ниту може да Ве заштити од злоупотребата која самите си ја правите.
Ве известуваме и Ви укажуваме да не вршите злоупотреба на користење на оствареното право, бидејќи Јавното претпријатие ги блокира злоупотребените електронски картички и нема можност за повторно деблокирање или издавање на други за истите корисници.
НАПОМЕНУВАМЕ: Користете ја електронската картичка исклучиво за ваша потреба, САМО ВИЕ, и САМО СО РЕГИСТРИРАНОТО ВОЗИЛО во ЈП, а не со било кое друго возило.
Се надеваме дека ова информација ќе ви биде од корист и дека ќе се придржувате кон инструкциите и одредбите од Законот за остварување на ова право.