Во организација на Сојузот на Параплегичари, заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди Република Српска, одржан е 11. Меѓународен шаховски турнир на параплегичарите и 15. Републичко првенство на параплегичари "Бања Лука 2018" во период од 21.09 до 23.09.2018 година.
Учество заземаа следните тимови:
1. Тим на Република Српска - Бања Лука
2. Тим Федерација Босна и Херцеговина
3. Тим на Округот Брчко
4. Тим на Република Србија
5. Тим на Македонија
6. Тим на Словенија
Тимот на Македонија зема учество со следните натпреварувачи:
- Јанчо Ѓорѓиевски
- Живо Станковски
-Горан Војновски
Натпреварот беше одигран по бергер системот со брзина од 20 минути по играч, каде што беа постигнати следните резултати:
1. место - тим на Македонија - освоен пехар, диплома и златни медали
2. место - тим на Република Србија - освоен пехар, диплома и сребрени медали
3. место - тим на Федерацијата на БИХ - освоен пехар, диплома и бронзени медали.
Во оваа прилика се заблагодаруваме на поканата и на гостопримството.