На 10.08.2018 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, претставниците на УНДП, Урим Касапи - програмски координатор за социјални инклузии, Дамјан Митев - проект менаџер, Сузана Ахмети, Марија Трифуновска и Ана Димовска Котевска, во соработка со Мобилност Македонија, одржаа едукативна работилница на која присуствуваа 25 лица од кои половината лица со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија од Скопје и Битола.
Проект Менаџерот Дамјан Митев ја презентираше програмата за Самовработување која УНДП ја спроведува во соработка со АВРМ, ги образложи можностите за основање свој бизнис преку програмата за самовработување, условите и постапката за аплицирање во програмата, како и бенефитите од менторската поддршка која се нуди на идните корисници, со еден збор кажано, детално ги образложи сите бенефити, задолженија и обврски кои програмата ги носи со себе, а со кои ќе се сретнат лицата со инвалидност кои ќе се пријават за користење на грантот при основање сопствен бизнис.
Беа поставени многу прашања од страна на присутните на работилницата и разрешени бројни дилеми преку дадените одговори.
Искрено се надеваме дека со овој чекор поттикнавме интерес кај дел од членовите да се осмелат и да аплицираат за вклучување во програмата.
Повеќе информации околу програмата: http://rabotaimoznosti.mk/lica-so-poprechenost/mk/