Мобилност Македонија на 13-14.10.2018 година, во хотел „Галеб“ во Струга, го одржа јбилејното триесетто Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На првенството настапија 24 натпреварувачи, од кои 21 натпреварувач од Македонија и 3 натпреварувачи од Република Српска, заради што прогласувањето на најдобрите се одржа во две категории, во Опен и за Државно првенство.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а се играше Швајцарски систем, 8 кола со темпо 30 минути по играч.
Резултати
ОПЕН
1. Јанчо Ѓорѓевски од Куманово 7 поени
2. Даниел Нунески од Охрид 6 поени
3. Славко Ивковиќ од Република Српска 5,5 поени
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО
1. Јанчо Ѓорѓевски од Куманово 7 поени
2. Даниел Нуневски од Охрид 6 поени
3. Васко Стефановски од Битола 5 поени.
Средства за ова манифестација беа обезбедени од Министерство за труд и социјална политика од средства од игри на среќа