НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1Претставници на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Горан Спасов на 10.10.2018 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала предводена од д-р Вера Митровска.

На состанокот се дискутираше во врска со нашите барања за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, беше рефериран прогресот во однос на изготвените анализи, поднесените иницијативи за промена на Закон за здравствено осигурување со кој ќе се ублажат критериумите за континуитет и можноста за доплата на ортопедско помагало над референтна цена, за делови за изработка на ортопедски помагала, за критериуми за инвалидски колички и слично.


Нашите претставници ќе ги изнесат во најскоро време добиените информации пред работната група на сојузот, со цел да се консултираат стручни лица и да се донесе соодветна одлука.
Преговорите продолжуваат.