НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје, по повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и 4-ти Декември - Денот на лицата со телесен инвалидитет на Република Македонија, за членови на Мобилност Македонија донира 10 теренски инвалидски колички на рачен погон.

Мобилност Македонија, во името на своите членови, изразува голема благодарност до ЦОП Славеј за хуманиот гест и пружена рака на поддршка.

Повеќе информации за начинот на распределбата на количките членовите на Мобилност Македонија можат да добијат во канцеларијата на сојузот.