НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

7Децата со попреченост кои се од Велес ќе имаат можност да поминуваат дел од своето слободно време на инклузивното детското игралиште во населба Тунел кое денес на 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го отвори градоначалникот Коцевски.

Ротационо катче, дупла лулашка, комбинирана клацкалка за деца со посебни потреби и др. се дел од содржините кои ќе ги користат намладите велешани.

Ова е тринаесетто игралиште од овој тип во Македонија со средства кои ги обезбедува Министерството за труд и социјална политика и општините. Проектот се реализира во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија.

Министерството обезбеди 670.000 денари за набавка на специјалната опрема додека Општина Велес учествуваше со 200.000 денари за градежни работи, во однос на подготовка на теренот. Општина Велес и понатаму активно ќе ги поддржува сите активности кои на овие деца ќе им обезбеди безбедно да се социјализираат и вклучат во сите текови на општеството со цел да им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.