Во рамките на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, кој што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ)-финансиран од Европската Унија,во деновите 15 и 16 март 2019 година, во хотел Континентал, Скопје,се одржа работилница на тема “ Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските организации “.
Обучувачи на работилницата беа Даниела Драштета (новинар при ХРТ-Загреб) и Владо Крстовски (Порака-Скопје), кои што со своите едукативни предавања и интерактивни вежби ги водеа учесниците во професионално совладување на вештините.
Главната цел на проектот е да се зголеми видливоста на лицата со инвалидност преку медиумите со подобра јавна перцепција, што всушност претставува неодходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и практикување на нивните права и слободи.
Мобилност Македонија учествуваше на оваа работилница со свои претставници,кои што го дадоа својот придонес преку предходно стекнати знаења и искуства но и дадоа точни насоки за потребите,препoрaките и правата на лицата со телесен инвалидитет. За овие насоки учесниците се здобија со дополнителни информации кои ќе им послужат за поефикасна и поточна информираност на медиумите кон јавност.