На 25.03.2019 година во ДХО „Даре Џамбаз“ Мобилност Македонија, во соработка со огранокот за церебрална парализа од Мобилност Скопје, одржа тематска работилница за подигање на јавната свест за потребите на лицата со церебрална парализа, во рамките на меѓународните активности во месец март за ова група на граѓани кои овој месец го имаат промовирано како месец за подигање на свеста за лицата со церебрална парализа.
На работилницата учествуваа повеќе лица со церебрална парализа, нивни родители, претставници на Мобилност Македонија, на Мобилност Скопје, како и Михајло Костовски, Јосиф Мишевски и Марија Хаџи Христоска претставници на Работната група при Министерството за здравство за подобрувае на задравствената заштита на децата и лицата со попреченост. Свои воведни говори имаа претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, претседателот на огранокот за церебрална парализа при Мобилност Скопје, Горан Стојчески и претставникот од министерството, Михајло Костовски. Беше отворена дискусија од која произлегоа заклучоци кои по обработка од учесниците на работилницата ќе бидат доставени до Министерството за здравство како барање за измени и дополнувања на законот и подзаконските акти кои ја третираат оваа материја.