НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

14На 30-31.03.2019 година, во Конгресниот Центар во Охрид се одржа шаховски двомеч помеѓу репрезентациите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија- Мобилност Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија.

Победи репрезентацијата на Мобилност Македонија со резултат 6,5 : 3,5 поени.
Натпреварот се играше двокружно, со темпо по играч од 1 час, на 5 шаховски табли. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а составот на екипите беше следниот:


МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
1-ва табла, Јанчо Ѓорѓевски 
2-ра табла, Горан Војновски
3-та табла, Мирослав Бучевски
4-та табла, Даниел Нунески
5-та табла, Живко Станковски

ЦИВИЛНИ ИНВАЛИДИ ОД ВОЈНАТА
1-ва табла, Жарко Селковски
2-ра табла Мусли Пајазити,
3-та табла, Крум Митковски
4-та табла, Коста Костов
5-та табла, Насуф Исаки

Претседателот на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Душан Нешевски го отвори натпреварот евоцирајќи спомени од минатото, од зачетоците на шаховската игра во редовите на лицата со инвалидност во нашата држава, истакнувајќи повеќе поединци заслужни за развојот и прифаќањето на шахот како најмасовна игра која одсекогаш, а и денес има врвни шахисти од редовите на лицата со инвалидност.
По завршување на турнирот, продолжи дружењето со дрвените фигури во неформална конкуренција, се одиграа многу меѓусебни игри при што доминираше насмевката, шегата но и по нејоја налутена опаска...впрочем таква е играта, а велат секој што губи, има право да се лути.
Натпреварувачите се разделија со желба што поскоро да се сретнат во нова „пресметка“ во нов „шаховски мегдан“.