ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2019 ГОДИНА
Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2019 година (Службен весник на Република Македонија бр.246/18) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2019 година.
Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика
Кон барањето се поднесува следната документација:
- Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено тешка и најтешка телесна инвалидност, за утврдена умерена, тешка и длабока ментална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост (или копија од документот заверена на нотар),
- Примерок или заверена копија од царинска декларација не постари од 12 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган.
- Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил,
- Доказ од овластена компанија за вградена специјализирана опрема ( за возила со купопродажна вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, но не повеќе од 20.000 евра во денарска противвредност),
- Наод и мислење за друг член на семејството со инвалидност (или копија од документот заверена на нотар),
- Потврда за остварени приходи од Управата за јавни приходи за претходната година,
- Потврда за редовен студент (доколку лицето е студент),
- Потврда за заснован работен однос (доколку лицето е во работен однос),
- Потврда за регистриран активен барател на работа (доколку лицето е невработено лице).
За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10.00 - 12.00 часот на тел. 02 3106-770 или во Месно надлежниот центар за социјална работа.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА