На 07.04.2019 година во во НУ Дом на културата „Бели мугри“ (мала сала ) во Кочани, со почеток во 12 часот во присуство на голем број на членови од здружението, Мобилност Кочани ја одржа првата од четирите најавени тематски работилници во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Раотилницата со воведен говор ја отвори претседателот на Мобилност Кочани, Горан Војновски, а излагач на темата „Запознај ја Конвенцијата- силен ветер во грб за лицата со попреченост“ беше Василчо Илијев, магистер по дековно право и член на „Мобилност- Кочани, а во дискусијата со свои конкретни предлози се вклучија присутните претставници од здружението. Тематската работилница беше медиски покриена со претставниците од локалните и регионалните медиуми.