На Интернационалното првенство на Хановер 2019 година во стрелаштво учествуваат спортисти од 31 дрзава, меѓу кои и од 6 држави вон Европа (САД, Канада, Австралија, Кореја, Бразил, Индија).
Нашата репрезентативка и најдобра спортистка, Оливера Наковска-Бикова, денес во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри го освои второто место и сребрениот медал.
Браво за Оливера која беше единствена дама во финалето во борба со седум претставбици на "посилниот пол".
Екипно, во истата дисциплина, нашите спортисти Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски го освоија 3-то место и бронзениот медал во конкуренција на 6 екипи.