НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

5Одбележување на деновите на Параплегија и Дистрофија!

Параплегија под слоганот " НЕ Е СИЛАТА ВО ЧЕКОРЕЊЕТО ТУКУ ВО ИЗДРЖЛИВОСТА " , и 
Дистрофија под слоганот "ЈАС ГИ САКАМ ЛИЦАТА СО ДИСТРОФИЈА ".
На 25 мај, со собир во 11 часоот, пред платото на порта Македонија, со дефиле по улица 11 Октомри се до ДХО Даре Џамбаз, огранокот на Параплегија и Дистрофија при Мобилност Скопје а со поддршка на Мобилност Македонија, ги одбележаа деновите на Параплегија и Дистрофија.


На Настанот земаа учество многу членови на Мобилност Скопје и Македонија, роднини и пријатели и сите добронамерни подржувачи.Пред присутните и јавноста претседателот на огранокот на Параплегија-Гоце Миновски, ги соопшти главните проблеми и потреби на лицата со овие состојби и ги наведе потребите од неопходно подобрување на условите за живот во сферата на здравството,образованието, социјалата односно ; посоодветни ортопедски помагала, подобри и почести здравствени услуги, соодветно достапни лекови, два пати годишно бањско лекување и слично.
Ваквиот начин на одбележување е најсоодветниот начин на изразување на потребите за овие ограноци и тие веруваат во дослух на целокупната јавност за подобрување на нивните животи.
Настанот немаше да биде толку достоинствен и силен доколку зад нас како подржувачи не застанаа нашите пријатели од Ортопедската куќа"СЛАВЕЈ" , на кои им изразуваме огромна благодарност.