На 23.06.2019 година во дворот на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ во Скопје беше одржана VIII масовна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаме да испратиме силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите. Исто така сакаме да ги потсетиме институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност и Препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ООН од 21.09.2018 година.
На манифестацијата присуствуваа повеќе од 260 членови на Мобилност Македонија од здружените членки, а настанот беше пропратен со рекреативни содржини од кои дел и со натпреварувачки карактер. Имено, ЦОП „Славеј“ обезбеди ваучери во износ од 3.000, 2.000 и 1.000 денари (за набавка на производи од асортиманот на ортопедската куќа) за првопласираните 3 натпреварувачи во:
-вешто возење со инвалидска количка
-пинг понг и
-пикадо.
Мобилност Македонија и здружените членки на сојузот во името на своите членови, за успешно реализираната манифестација VIII масовна средба на лицата со телесен инвалидитет, која втора година по ред се одржува во дворот на Центарот за ортотика и протетика Славеј, најискрено им се заблагодаруваат на:
-Генералниот покровител, Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ од Скопје;
-ТИНЕКС, Скопје;
-ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА;
-ПИВАРА Скопје;
-ПРОМЕС Скопје;
-ПЕКАБЕСКО Скопје;
-ВИНЧИНИ Виница;
-Министерство за труд и социјална политика кое финансиски ја поддржа оваа програмска активност.
Благодарност и до Црвен Крст на Македонија за обезбедени тенди и лекарска екипа која го следеше настанот, благодарност до Софка Прчева, Драган Дојчиноски, Дејан Ѓорѓиевски, Страшко Коцевски и проф. д-р Горан Никовски кои ги организираа и спроведоа забавните содржини, благодарност до Центарот за ортотика и протетика Славеј за наградите (ваучери од 3.000, 2.000 и 1.000 денари) на првопласираните 3 натпреварувачи во вешто возење на инвалидска количка, пикадо и пинг понг,, и секако најголема благодарност до сите членови на Мобилност Македонија кои присуствуваа на настанот.