НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

1

На 21.07.2019 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на платото пред Домот на културата „Антон Панов“, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

14 учесници од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Струмица се натпреваруваа кој поубаво ќе отпее, а се пееја традиционални македонски народни песни. Во официјалниот програм настапија:

  1. Ангел Апостолов  - Велес               „Ако одам во Битола“                      
  2. Јованка Атанасова - Велес               „Сите девојчиња мамо се мажија“ 
  3. Ванѓа Јованчева- Штип                   „Дојди моме кај изворот“
  4. Петре Јованов – Радовиш                „Ај што имам мерак мамо железар да бидам“
  5. Николчо Делев – Кавадарци           „Друга љубов несакам“
  6. Трајче Лазаров – Кавадарци            „Јоване Море Јоване“
  7.             Ѓорѓи Здравески - Прилеп               „Како што е таа чаша полна со вино“        
  8.             Стеван Ангелески  - Прилеп           „Нема друга Македонија“   
  9. Влатко Најдоски- Прилеп                „Филизо моме“
  10. Ристо Спиркоски – Прилеп             „Кажи ле кажи облаче ле бело“      
  11. Иле Гичев – Струмица                     „Во Струмица на улица“
  12.  Гоце Минов – Скопје                       „Тешко мина мојта младост“           
  13. Тони Митревски – Скопје                „Филизо моме“
  14. Трендафил Ивановски- Битола       „Седнав да вечерам“

Водител на настанот традиционално беше Ѓорѓи Калајџиев, а интерпретаторите ги придружуваше оркестарот КУД „ФЕНИКС“ кој делува во рамките на Мобилност Македонија, а го сочинуваат следните музичари: Сотир Јоновски-синтисајзер, Николчо Делов-тапани, Стеван Ангелески- хармоника, Влатко Најдовски-тарабука и Миле-кларинет.

За најдобар интерпретатор на македонски народни песни за 2019 година, според гласовите на стручното жири, беше прогласен Ристо Спиркоски од Прилеп. Второто место и припадна на  Јованка Атанасова од Велес, додека третото место го освои Петре Јованов од Радовиш. Плакетите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Настанот беше отворен со драмски перформанс „После дождот“ во изведба на групата „Надеж“ составена од штитеници на Завод за заштита и рехабилитација на младинци „Бања Банско“, со ученичката Ева Стојковска и Центарот за балетска уметност „Reverence“ на Оле Илиева.