НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

17Интернационалната федерација на Мултиплекс Склероза(МС) - основана 2009 година, оваа година по десетти пат го одбележува Светскиот ден на МС и ја спроведува кампањата за неа. МС кампањата за 2019 година, се дефинира под слоганот “МОЈАТА НЕВИДЛИВА МС” и се однесува на подигнување на јавната свест за невидливите симптоми на МС и фаталното влијание на тие симптоми врз квалитетот на животот на лицата со МС.Преку оваа кампања и одбележување на денот, лицата со МС ќе можат гласно да проговорат за своите потешкотии со невидливите мс симптоми, односно ќе имаат можност подобро да ја информираат јавноста за нив, а за возврат таа ќе може да пружи соодветна поддршка.

Огранокот на МС при Мобилност Скопје и Мобилност Македонија, четврта година по ред се приклучува кон овој светски тренд и може слободно да потврди дека се носи рамо до рамо со сите поголеми асоцијации кои се дел на светската федерацијата.За таа цел оваа година, на 30 мај, здружението организира прикладна агенда за одбележување на денот.Со масовен собир од многу бројни членови на МС при Мобилност Македонија, членови од другите ограноци на Мобилност Македонија, пријатели, роднини и многу поддржувачи, настанот започна во 11 часот пред книжарницата Култура на плоштадот во центарот на Скопје. Учесниците беа облечени во маички со слоганот “ МОЈАТА НЕВИДЛИВА МС “ и со насмевки на лицата, дишејќи еден за друг а при тоа гордо стоејќи пред своите предизвици, ја покажаа својата желба за живот но и болката која ја носи со себе оваа исклучително тешка болест.Пред присутните, пред медиумите и медиумските портали, со свој говор за значението на денот, потешкотиите со кои се соочуваат овие лица, нивната неопходна потреба за подобрување на условите за живеење во сите сфери и сегменти на општеството ( здравство, труд и социјала, економија...), се обрати претседателот на огранокот на МС - Христина Просковска која воедно го означи настанот за започнат и ги повика сите присутни на дефилето до порта Македонија.По завршувањето на дефилето, во 12 часот во конференциската сала на порта Македонија, од страна на тимот на Мобилност Скопје, беа поканети да се обратат со свои излагања, Доктор Жарко Костиќ - мотиватор и едукатор за личен раст и развој на индивидуата, Доктор Иван Барбов - директор на Клиниката за Неврологија при Клиничкиот центар во Скопје, главната сестра на Неврологија - Јасмина Николовска и целиот тим на одделот. Говорот на д-р Жарко, со својата харизма и максимална елоквентност, ги освежи лицата на присутните и им влеа голема надеж за нивната автоборба против сите предрасуди и потешкотии кои ги носи животот со себе, а во овој случај болеста.Тој преку прекрасни секојдневни примери и животни дефиниции, ги охрабри слушателите во подобрување на самодовербата, за миг им покажа како треба да бидат свои со своето битие и им вети дека доколу го изберат тој пат резултатите ќе бидат зачудувачки а целта остварена.

Со говорот на д-р Иван Барбов, присутните се запознаа со целокупната состојба во медицинскиот аспект на лекувањето на МС и посочи многу примери и новитети кои на повеќето присутни можеби дотогаш и не им беа познати. Преку интерактивноста на докторот и присутните, беа поставени и одговорени многу прашања кои ги засегаа лицата со мс и нивните блиски и беше создадена атмосфера на опуштен разговор кој овозможи денот да заврши идеално, што всушност на лицата со мс, тоа им е најголемата душевна тарапија.

Со огромна благодарност до говорниците за безрезервно подадената страна кон нас и  учество на нашиот ден , настанот беше затворен а присутните беа поканети на скромен кетеринг.

Огранокот на МС при Мобилност Скопје, со оваа организација за одбележување на светскиот ден на МС за 2019 година, заврши уште една епизода во борбата со оваа   фатална болест. Тој нема никогаш да престане да чекори по патот кон освојување на нови придобивки за исчекор со мултиплекс склерозата, а при тоа ќе ги искористува сите ресурси со кои располага.