НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

2„Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“

На 18ти Декември 2019 година, со почеток во 10.00 часот во хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа Работен состанок со цел презентирање на новите подзаконски акти за социјалните услуги што ги изработи Министерството за труд и социјална политика поддржани во рамките на Проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“, како и другите подзаконски акти за социјални услуги кои се дел од Законот за социјална заштита. Мобилност Македонија на работилницата ја претставуваа Бранимир Јовановски и Василчо Илиев од Кочани.

Вовед на работниот состанок одржа Роберт Кроис, тим лидер на Проектот на Делегација на Европска Унија истакнувајќи дека ЕУ ги поддржува напорите на Владата во спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација. Подоцна на присутните им се обрати Софи Бумо, Претставничка од Делегација на Европска Унија во Скопје истакнувајќи дека за социјалните услуги да се спроведуваат успешно, потребно е сите професионалци во социјалниот сектор, како и корисниците на услугите, општините и граѓанските организации да бидат активно вклучени во процесот и мора да имаат целосно разбирање на правната рамка. Исто така, важно е за сите засегнати страни во овој процес да добиваат информации од Владата за примената на Законот, односно за тоа како се спроведува, кои се предностите, а кои слабостите во имплментацијата. Делегацијата на Европската унија заедно со другите партнери за развој – особено УНИЦЕФ и Светската Банка заедно работат да ги зајакнат достапните ресурси за спроведување на условите на Законот. Голем дел од обврските беа преземени од страна на Министерството за труд и социјална политика, кои работеа заедно со експертите на составување на овие Закони.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна: „Како Влада којашто се грижи за унапредувањето и заштитата на човековите права на сите лица со попреченост, со развојот на социјалните услуги, го менуваме моделот на поддршката што ја добиваат нашите сограѓани и ја менуваме свеста кај граѓаните во прифаќањето на различностите. Исто така, Северна Македонија е прва земја во регионот која што го менува начинот на финасирање на услугите преку методологија за утврдување на цените и носење одлуки за висината на цените на услугите. Преку овој модел ќе придонесеме за воведување на мноштво услуги и ќе создадеме нови работни места во секторот за социјална заштита, а граѓаните ќе добијат квалитетена поддршка на локално ниво“.