Наша цел е да бидеме силно убедени дека сме Цел... Нашата цел е да сфатиме дали спиеме или само го сонуваме животот. А во тоа може да помогне креативната работа. Нашата Тортијада е одличен пример за будност, но и креација. Стравот, фобиите, траумите, постануваат слатки декорации. Да го искористиме нашиот сон мудро поради следното утро и работата што со љубов не очекува.
Драги наши пријатели, со многу љубов и труд на одредени членови на Мобилноост Струмица, по дваесет и втори пат, ја организиравме нашата традиционална манифестација ТОРТИЈАДА . Кој беше знае, но тие што не беа присутни ке се потрудиме да им доловиме дел од вешто изработените слатки креации на нашите членови. Оваа година имавме вкупно десет изработки од нашите членови здруженија. Сите на свој начин беа прекрасни и сите имаа своја порака што нашите членови преку изработените торти ја пракат до останатите луге во општеството. Главната цел на оваа манифестација е дружбата, забавата, но покрај тоа таа има за цел и да допринесе за подигањето на јавната свест кај останатите грагани дека и ние лицата со инвалидитет, знаеме, можеме и умееме достојно да се носиме рамо до рамо, со условно наречените здрави луге. Учесничките на манифестацијата беа наградени со козметички подароци од Орифлеим кои што беа како спонзори на оваа манифестација. Од се срце им благодариме на сите добри луге што помогнаа со свој приднес околу организацијата на оваа наша (за нас многу значајна) манифестација Тортијада. Им се заблагодаруваме и на сите наши гости, што не удостоија со нивното присуство, како што беа, градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски и членови од советот на Општина Струмица, сопругата на премиерот г-га Зорица Заева. Голема благодарност и до учениците од ОУ Никола Вапцаров од Струмица, кои годинаава беа како мало изненадување на оваа манифестација. Учениците, заедно со нивниот дефектолог од училиштето г-га Билјана Јовева, дојдоа од блиску да се запознаат и дружат со нас лицата со инвалидитет, бидејки тие сакат да дадат свој допринос кон подигањето на јавната свест кај нивните другарчиња па и пошироко, за поуспешна инклузија на овие лица, кои заслужуваат да имат исти права како и сите други. И не само тоа, децата од оваа училиште беа и едно посебно жири, покрај онаа стандардното жири, составено од тројца членови што ги оценуваше изработките на членовите. Тие избраа свој фаворит од изработените торти, а тоа беше тортата Калимеро, во изработка на ЗЛТИ Мобилност Кочани. Во знак на благодарност, членовите на Мобилност Кочани истата торта им ја подарија на учениците, а тие пресрекни што беа дел од оваа слатка манифестација и беа наградени со изработката која најмногу им се допадна, си заминаа со многу позитивна енергија, за која рекоа дека ке им ја пренесат на нивните другарчиња и наставници и ни ветија дека догодина пак ке не дружат и тоа во поголем број. Но тоа не беше се, дечињата имаа спремено свои изработки, слики и по некој напишан стих, посветен на лицата со инвалидитет и нивното прифаканје во општеството. Овие изработки, во знак на благодарност ги подарија на градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски, на г-га Зорица Заева, на нашиот претседател г-дин Бранимир Јовановски и секако на најдобрата, според нив торта, Калимеро т.е. на членовите што ја изработија –Мобилност Кочани. Според стандардното трочлено жири, составено од Босица Крстева, Офелија Коџабашиева и Анче Туфекчиева, најдобри изработки имаа, Мобилност Велес, со тортата Титаник, Мобилност Скопје, со тортата вино, љубов и музика и Мобилност Гевгелија со Буре вино.
Така во опуштена и позитивна атмосфера помина и оваа 22-ра Тортијада, со нови познанства, со нови искуства, со нови и уште појаки пријателства, уште нови десет испратени пораки преку нашите креации со желби за подобро утре на лицата со инвалидитет и подобри услови за достоинствен живот на сите лица со попреченост. Овој текст ке го завршам со стиховите, на Викторија Трајкова, ученичка од ОУ Никола Вапцаров, која беше дел од групата на детското жири, која со подолу пишаните стихови, од најмалите, до најголемите испрака една голема порака
Ке подадеме рака,
Ке ја подигнеме свеста,
Лесно и интересно
Ке биде како песна.
Вредни како пчели,
Паметни како луге зрели,
Нека се препреки сто
Го можеме оваа заедно!
Мојата боја
Е и твоја боја,
Твојата боја
Е и наша боја.
Виножито во разни бои,
Како нашето детство
одлично стои!