НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

jsdpПочитувани,

Со имплементирањето на електронскиот систем за наплата на патарина и негово отпочнување со работа на Наплатните станици од Коридор 10, сега сме во можност за детално следење и проверка и на сите електронски картички кои се издадени согласно Членот 66 од Законот за Јавни патишта на лица кои по основ на инвалидитет ги исполнуваат условите за ослободување од плаќање на патарина.

Имено, преку секојдневните прегледи и процеси на верификации на сите транзити, забележано е дека некои корисници не ги почитуваат правилата под кои им се издадени електронските картички, односно истите ги злоупотребуваат.

Секоја една електронска картичка издадена по основ на ослободување на инвалидно лице е пресонализирана со податоците од имателот (инвалидносто лице), како единствен сериски број на уредот, име и презиме, модел на патничко моторно возило, боја на возилото како и регистарските таблички на возилото.

При поминување на наплатните станици, лицето кое управува со возилото ослободено од плаќање на патарина и лицето за кое се однесува ослободувањето по основ на инвалидитет и е задолжително присутно во возилото, должни се да ја приложат електронската картичка и само на тој начин ќе можат да поминуваат слободно на патарина односно ќе бидат ослободени од плаќање. При секоја друга промена на возилото инвалидносто лице е должно до Здружението во кое е член да достави документација со која се потврдува промената на возилото, кое ќе биде регистрирано и во нашиот систем и потоа ќе може истото да се движи слободно, што значи дека електронската картичка е издадена на инвалидносто лице со регистрирана само една кола т.е. една регистерска табличка.

Од причина што за дел од издадените картички констатирано е дека постојат злоупотреби при употреба на истите, односно еден уред го користат повеќе возила, дури и возила со странски регистерски таблички, Ве известуваме дека е потребно во најкраток можен рок да ги известите Вашите членови дека за секоја злоупотреба на електронската картичка ќе бидат превземени законски мерки и санкции,

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање.

Со почит,

Зоран Китанов, Директор на ЈСДП

Документот во прилог:

PDF Download