НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

011На 22 и 23 јули 2021 година, во хотел „Конгресен центар“ - Охрид се одржа 33-тото Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, во организација на Мобилност Македонија и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

Поради пандемијата од ковид-19, и оваа година бројот на учесници беше намален. На првенството учествуваа 15 шахисти кои играа по викенд правила на ФИДЕ во 5 кола. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.

Првенството се одржа согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести.

Во спортска и фер атмосфера, на првенството беа постигнати следните резултати:

р/б  Име и Презиме Поени Бухолц
1 Јанчо Ѓорѓевски 4 14,5
2 Тоде Зафировски 4 11,5
3 Адем Неби 3,5 15,5
4 Горан Војновски 3,5 14,5
5 Насер Мустафа 3,5 11,5
6 Даниел Нуневски 3 13,5
7 Билал Биберовиќ 3 13,0
8 Тоде Арсов 2,5 12,5
9 Мирослав Бучевски 2 14,5
10 Зекирија Изети 2 13,0
11 Томе Ивановски 2 12,0
12 Димитар Цафовски 2 12,0
13 Димитар Илиевски 2 11,5
14 Томе Ѓеорѓиевски 2 11,5
15 Кире Ангелковски 1 11,5