НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар на сојузот, Софка Прчева, на 03.12.2021 година во хотелот Александар Палас во Скопје, присуствуваа на свечена седница организирана од правобранителот на Република Северна Македонија, Насер Зибери, по повод одбележување на 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а воедно и 10 годишнина од ратификацијата на Конвенцијата на ООН за права на лицата со попреченост, како и потпишување на Меморандум за соработка на Народниот правобранител со граѓанските организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата на лицата со попреченост (КПЛП).
Согласно актуелните мерки и Протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и ограничувањето на бројот на присутни лица во затворена просторија, беше дозволено присуство на максимум две лица по граѓанска организација со задолжително поседување на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.
На почетокот на свечената седница беа поздравните говори на Народниот правобранител, г-дин Насер Зибери и на советничка за човекови права при Канцеларијата на Постојаната Координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Татјана Темелкоска.
Во продолжение, државната советничка, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа имаше презентација на тема: „10 години од ратификација на Конвенцијата за права на лица со попреченост– предизвици, научени лекции и идни чекори за ефикасна имплементација“, а настанот заврши со потпишување на Меморандум за соработка.