ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА, ПОТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2022 ГОДИНА
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со попреченост, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2022 година.
Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика
Кон барањето се поднесува следната документација:
-Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено тешка, потешка и најтешка телесна попреченост, за утврдена умерена, тешка и длабока ментална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост (или копија од документот заверена на нотар),
-Царинска декларација (примерок од електронска царинска декларација, потврда за регистрација издадена по извршено увозно царинење) не постари од 18 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган (или копија од документот заверена на нотар),
-Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил,
-Фактура за набавка на возило во државата,
-Доказ од овластена компанија за вградена специјализирана опрема (за возила со купопродажна вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, но не повеќе од 20.000 евра во денарска противвредност),
-Наод и мислење за друг член на семејството со попреченост (или копија од документот заверена на нотар),
-Потврда за остварени приходи од Управата за јавни приходи за претходната година,
-Потврда за редовен студент (доколку лицето е студент),
-Потврда за заснован работен однос (доколку лицето е во работен однос),
-Потврда за регистриран активен барател на работа (доколку лицето е невработено лице).
За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10.00-12.00 часот на тел. 02 3106-770 или во меснонадлежниот центар за социјална работа.
Министерство за труд и социјална политика