НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001На ден 30 мај пред порта Македонија преку бул.11 Октомври до ДХО"Даре Џамбаз" , Мобилност Скопје со целосна поддршка од Мобилност Македонија и нејзините верни пријатели и поддржувачи, го одржа своето дефиле со мирен марш по повод одбележувањето на Денот на Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија.
На денот пред присутните учесници и медиумите, организаторите на настанот ги дадоа своите искази за главните точки на одбележувањето, барањата за кои се залагаат и остро стремење кон правата кои им следуваат;
-Зголемување на паричните надоместоци за додаток на попреченост и нега, пристапност, подобри здравствени услови, социјална грижа, правилна проценка на степенот на инвалидност, подобрување на условите за бањско лекување и.т.н.
Нашето здружение со оваа агенда ја оствари овогодинешната цел и за која ќе продолжи да ја исполнува во иднина и даде гласна порака да останеме заедно, да бидеме поврзани и да бидеме обединети во борбата за наш подобар и подостоинствен живот.
Мобилност Скопје изразува огромна благодарност до градоначалничката Данела и тимот на град Скопје, градоначалникот на Општина Центар, Ортопедската куќа Славеј, претседателот на Мобилност МК-Бранимир Јовановски, тимот на сестри при Клиниката за неврологија, доктори, јавни личности, пратеници, медиуми,членови на здруженија и случајни минувачи.