НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001На 25-26.06.2022 година, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, во „конгресен Центар“ во Охрид, се одржа 34-то Државно првенство во ѓах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое настапија 23 шахисти.
Се играа 7 кола Швајцарски систем, со темпо по играч од 30 минути.
Судии на натпреварот беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Првото место го освои Насер Мустафа од Тетово со освоени 5,5 поени, второто место му припадна на Даниел Нуневски од Охрид, исто така со 5,5 поени, но послаб Бухолц, а на третото место се пласира Горан Војновски од Кочани со освоени 5 поени.