НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
002На 10 септември 2022 година, во Копер, Словенија, се одржа 53. „Меморијален турнир на проф. Бојан Хроватин“, кој воедно за словенските натпреварувачи беше и 32. Државно првенство на Словенија, а за учесниците од регионот и 8. Меѓународен атлетски натпревар за спортисти со параплегија и квадриплегија.
На натпреварот настапија 68 спортисти. Покрај домаќинот Словенија кој настапи со најголем број на спортисти, учествуваа и натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија и Чешка.
Мобилност Македонија на натпреварот ја претставуваше Александар Јовановски, кој во конкуренција на 14 натпреварувачи во класа Ф54 го освои 8-то место.
Александар настапи во фрлачки повеќебој, постигнувајќи ги следните резултати: Диск 10.15м, Копје 11.65м и ѓуле 4.57м.
Со Александар патуваше претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, кој оствари повеќе работни средби и тоа со: Дане Кастелиц, претседател на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Словенија, со Мирјам Каналец, претседател на ЕСКИФ (Европска федерација на лица со повреди на р'бетен столб), со Грегор Грачнер, потпретседател на Параолимпикиот комитет на Словенија, со Бенџамин Жнидаршиќ, претседател на друштвото на параплегичари на Истра и Крас, и други, со кои разговараше за подобрување на положбата на лицата со параплегија и квадриплегија, како и нивно активно вклучување во спортот, особено за реализација на иницијативата за воведување на нов спорт на програмата, кошарка во количка.