На 27.09.2022 год од 18.00 до 19.00 часот, во големата конференциска сала во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, на ул.11 Октомври 42а, Скопје, Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје ќе организира презентација под наслов:
“Exopulse Mollii прв невромодулациски костум“
Презентацијата ќе ја одржи Д-р Ивана Рајнпрехт Фолнеговиќ од Загреб, Република Хрватска. Презентацијата ќе се одржи со почеток во 18.00 часот, ќе трае 45 минути и ќе биде презентирана на Хрватски јазик.
Оваа презентацијата пред се е наменета за лица заболени од Мултиплекс склероза, Паркинсонова болест и Церебрална парализа.
Ги повикуваме членовите на Мобилност Македонија да присуствуваат на презентацијата на оваа новина.