На атлетскиот стадион „Камберовиќа Поље“ во Зеница, од 8 до 10 септември 2022 година, се одржа Меѓународното отворено првенство и 18. спортски игри за параплегија и заболени од детска парализа на федерација Босна и Херцеговина, на кое по покана од домаќиност учествуваа и спортистите од Мобилност Македонија: Дејан Ѓорѓиевски, Савре Бојковиќ и Имер Сефери.
На овој спортски настан учество зедоа 80 натпреварувачи во осум дисциплини. Организатор на натпреварот беше Сојузот на параплегичари и заболени од детска парализа на федерацијата Босна и Херцеговина. Игрите беа свечено отворени со дефиле на учесниците и децата од основните училишта во Зеница, на чело со прославениот параолимпиец, учесник на 3 параолимписки игри, фрлачот на ѓуле, Џевад Панџиќ.
На свеченото отворање на Игрите, пред присутните се обратија в.д. генералниот секретар на сојузот, Алберт Додик, потоа помошникот министер за спорт на Зеничко-Добојскиот кантон, Маринко Токиќ, како и Добрица Јоњиќ, помошник министер за труд и социјална политика на ФБиХ, кој официјално ги отвори Игрите.
Нашите спортисти освоија медали во сите дициплини, но и поред нашата ургенција, не добивме билтен од организаторот за да можеме да ги објавиме вредностите на нивните фрлања во ѓуле, диск и копје.