На 21.03.2023 година, во канцеларијата на Мобилност Македонија, претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, оствари работна средба со новоименованиот амбасадор на Република Северна Македонија во Република Словенија, Горан Милевски.
Низ разговорот ја потенциравме соработката што со години наназад ја имаме со Сојузот на параплегичари на Словенија, предводени од претседателот Дане Кастелиц, за повеќето
организирани и успешно спроведени тематски работилници и официјални посети на делегации од двете држави, додека амбасадорот ја потенцираше идејата за користење на бањските ресурси и друга конкретна помош која може да се реализира во иднина.
Напомена дака ќе ја разгледа можноста за добивање на конкретна помош на нашите членови, но и можност за продлабочување на соработката меѓу инвалидските организации од двете држави.
На крајот од дискусијата, на нашиот амбасадор, Горан Милевски, му посакавме убав престој во Република Словенија, успешна работа и промоција на нашата држава, нашето стопанство, нашата култура, спортот и се она што не краси како држава.
На состанокот присуствуваа и Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија, како и претседателот на Мобилност Велес, Миланчо Арсовски и секретарот Билјана Гаврилова Станковска.