5. Септември е прогласен за Меѓународен ден на лицата со повреда на 'рбетот.
Овој ден се одбележува за да се истакнат важните аспекти од живот на лицата со повреда на 'рбетот низ историјата.
Меѓународното здружение на лица со повреди на 'рбетот (ISCoS) одлучи секоја година на 5. Септември се одбележува „Денот на лицата со повреди на 'рбетот“ со цел да се зголеми свеста на пошироката јавност. Се претпоставува дека со зголемувањето на свеста ќе се олесни инклузивниот живот на лицата со инвалидбост и ќе се обезбедат поголеми шанси за успех на превентивните програми.
Повредата на 'рбетниот мозок има тешки физички, психички, социјални, сексуални и професионални последици за повредените. Дополнително, повредата го зголемува економскиот товар на секој поединец, а со тоа и на неговото семејство. Во Македонија постои национална инвалидска организација за лица со повреда на 'рбетниот мозок, Мобилност Мскедонија, која преку својата програма и дирекна комуникација со државните органи, придонесува за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност во општеството.