Мобилност Македонија во соработка со УНДП ја развива соработката во однос на самовработување на лицата со телесен инвалидитет преку соодветни програми. Доколку сте заинтересирани да организираме обука за заинтересираните членови, ве молиме да се најавите во канцеларијата на Мобилност Македонија или даоставите порака во коментар.
Повикот од УНДП ви го пренесуваме во целост:
Дали сакате да бидете претприемач и да имате свој бизнис? Имате желба да се обидете да водите своја фирма, но не знаете каква поддршка може да очекувате?
Погледете ги најчестите прашања и одговори поврзани со програмата Самовработување: https://www.youtube.com/watch?v=bzG9RS26gt8
Повеќе информации на https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx – огласот е отворен само за заинтересирнаи невработени лица – лица со попреченост.
Ако сте заинтересирани, лице за контакт: Ardian Skikuli Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
#SDG1 #SDG8