Меѓународна конференција за мултипла склероза во Нови Кнежевац
Претставници на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, претседателот Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева, како и претседателот на Мобилност Скопје, Дејан Ѓорѓиевски и претседателката на огранокот на МС од Скопје, Биљана од 26-29.06.2012 година учествуваа на Меѓународна конференција посветена на лицата заболени од мултипла склероза што се одржа во Нови Кнежевац, Србија. Познати невролози од Унгарија и Србија ги презентираа новите методи при лечење на оваа болест, а Проф.др. Чондор Наѓ од Нови Сад презентираше модел на мрежа на сервисни услуги, во работна верзија наречена NEXUS. Подоцна, во комуникацијата со претставниците на Мобилност Македонија изрази желба да ја вклучи и Република Македонија во регионалното движење. Имено, се работи за систем на обука на специјалисти од разни области: офтамолози, стоматолози, гинеколози, хирурзи, психолози, нутриционисти и други профили, како се постапува со лицата заболени од МС кога ќе бараат соодветни услуги. За формирање на ефикасна мрежа и спроведување на проектот во дело, побарани се средства од Норвешка, со голема шанса да се добијат бидејќи презентираниот модел е всушност модел по кој функционира Норвешка и останатите скандинавски држави кога се во прашање лица заболени од мултипла склероза.
Во рамките на меѓународната конференција се одржа и јубилеј 20 години постоење на Здружението на заболени од мултипла склероза на Севернобанатски округ со седиште во Нови Кнежевац, како и јубилеј 10 години од Меѓународна хуманитарна ликовна колонија наречена „Животот е уметност“ на која од 22-30.06.2012 година учествуваа двајца членови на Мобилност Македонија Тома Димовски и Роза Мојсовска, потоа членови на Здружението на заболени од мултипла склероза на Севернобанатски округ, како и ликовни уметници од Србија и Хрватска.
На 26.06.2012 година на пропатувањето кон Нови Кнежевац, македонската делегација во Белград оствари работна средба со претседателот и генералниот секретар на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија, а во врска со состојбата, заштитата и унапредувањето на положбата на лицата со телесен инвалидитет во Србија, како и конкретни сегменти во кои можеме да развиваме непосредна соработка. Доколку се договориме, прва активност би била учество со екипа на спортски натпревар во Горњи Милановац во септември, а во октомври нивна делегација би престојувала во Охрид на меѓународна конференција во организација на Мобилност Македонија. Претходно, МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА договори работна средба со претставници на Сојузот на параплегичари од Словенија за можна размена на капацитети за опоравок и рехабилитација на членовите. Работната средба се планира да се одржи во Охрид во октомври годинава.
На 24-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија учествуваа 76 натпреварувачи (од кои 22 беа жени) од 16 општински и меѓуопштински здруженија на лица со телесен инвалидитет од државата. Единствено членовите на екипата на Мобилност Свети Николе повторно не настапија на игрите и поред силните напори да се обезбеди нивното учество. Оваа година на игрите учествуваа и тројца натпреварувачи – јуниори и тоа: Елена Давитковска од Кратово во атлњтика, Димитар Боцевски од Скопје и Аглел Џуковски од Скопје, и двајцата во стрелаштво со воздушна пушка.
Свеченото отворање на игрите се случи во вечерните часови на денот на пристигнувањето на учесниците на игрите во големата сала на хотелот “Галеб” во Струга. По неколку пригодни зборови и со желба спортските натпревари да поминат во коректна, фер и спортска атмосвера, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, ги прогласи игрите за отворени.
Во периодот кои им претходеше на игрите, Стручната комисија донесе Правилник за одржување на игрите, пречистен список на директно квалификувани спортисти и изготви листа на пријавени спортисти по одделни спортови, состави програма за одржување на игрите и сите овие акти беа верифицирани од УО на Мобилност Македонија. Исто така се донесе одлука при класифицирањето на новите спортисти и понатаму да биде користена класификацијата што пред неколку години ја направи меѓународниот класификатор во атлетика, г-дин Гетош од Хрватска и класификаторката во пинг понг, г-ѓа Романа Романов од Србија, како и според меѓународните правила и критеријуми кои важат за пооделни спортови. Новопријавените спортисти на игрите, како и досега, беа класифицирани од страна на Др. Нико Јанков и Бранимир Јовановски. За разлика од минатите години кога др.Нико се грижеше за здравјето на спортистите, оваа година заради оправдани причини остана само за време на класификација на спортистите, додека за време на натпреварите во атлетика беше ангажиран лекар од Струга. Спортистите од општа категорија во машка и во женска конкуренција во атлетика се натпреваруваа во редовна конкуренција, со тоа што тие фрлаа со тежина на реквизити за атлетичари без инвалидност, а коефициент за пресметка на бодови се земаше од категоријата Ф46. Останатите спортисти се натпреваруваа со тежина на реквизити пропишана за нивната инвалидност од страна на атлетската секција при параолимпискиот комитет. Комисијата за жалби и приговори во состав: Бранимир Јовановски, Драган Дојчиноски и Софче Прчева благодарение на коректноста на натпреварувачите немаше ниту една интервенција, ниту предмет за решавање.