НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

donacijaПо повод одбележувањето на 65 годишнината на  „Макпетрол“А.Д.-Скопје, Управниот одбор на „Макпетрол“А.Д.-Скопје донесе одлука со која се одобруваат средства за активности за одбележување на нивниот јубилеј и средства за донации.

„Макпетрол“А.Д.-Скопје,  на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид „Св.Еразмо“ донираше болничка постелнина и телевизори.

На Јавната установа детски дом „11 Октомври“ во Скопје, „Макпетрол“А.Д.-Скопје донираше  компјутери и комоди за дневниот престој.

Здружението за слепи лица од Скопје доби компјутери и верна картичка за гориво во висина од 40.000 денари.

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, од „Макпетрол“А.Д.-Скопје доби верни картички за гориво во вредност од 90.000 денари.

По новогодишните празници на 3 јануари делегација на МАКПЕТРОЛ  предводена од Јован Борозанов, директор на Дирекцијата за развој и инвестиции,  беше во посета на нашиот сојуз а по повод донацијата  од верна картичките за гориво. При тоа претседателот на Мобилност Македонија искажа огромна благодарност за донацијата и истакна дека: „Со оваа донација МАКПЕТРОЛ дејствува и потпомага во мобилноста на оваа група граѓани. Потребите што ги имаат членовите на Мобилност Македонија, врзани со специјалното комбе за превоз, се огромни и со помош на оваа донација значително ќе ги подобрат своите активности годинава“.

Својата 65 годишнина МАКПЕТРОЛ ја одбележа со горенаведените донации во согласност со своето дејствување како општествено одговорна компанија. Со овие донации МАКПЕТРОЛ уште еднаш ја покажа својата ху,маност и активно учество во сферата на општествената одговорност кон заедницата и потврди дека како и во минатото така и понатаму ќе биде поддршка на оние на кои најмногу им е потребно.

donacija