НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

bppКако резултат на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван од 6 здруженија на граѓани во соработка и подршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 и 2012 година, од 29 јануари оваа година стартуваше нов портал за бесплатна правна помош.

Името на порталот е „Пристап до правдата“ кој се залага за промоција на бесплатната правна помош и овозможува еднаков пристап до правдата за сиримшните граѓани и ранливите категории граѓани, односно има за цел да го олесни пристапот до правдата на граѓаните.

Pristapdopravda.mk содржи упатства за начинот на оставрување на правото на бесплатната правна помош, основни информации за најчестите правни прашања со кои се соочуваат граѓаните, како и опис на трошоците за водење на постапки во македонскиот правен систем. Содржи упатства за можностите кои им стојат на располагање на граѓаните во случаите кога поради слаба материјална положба не се во можност да водат постапки за остварување и заштита на нивните права, како бесплатна правна помош, ослободување од плаќање на судски такси и ослободување од плаќање на трошоци на постапката.

Порталот овозможува опција за директно поставување на прашања  на кои ќе одговара тим од стручни и искусни правници. Наменет е за здруженијата и за граѓаните со потешка материјална положба и припадниците на ранливите категории граѓани.